Уште од своите рани почетоци ИТ Секторот напорно работи на воведување нови технологии и одржување и надградување на постојаната компјутерска и мрежна инфраструктура во гимназијата.
Од почетокот на учебната 2014/2015 година ИТ Секторот е одговорен за дизајнирањето, кодирањето, одржувањето и менаџирањето со сите интернет услуги на гимназијата како што се веб сајтовите, cloud услугите и службената е-пошта.
ИТ Секторот организира настани како Предновогодишната забава, IT Business & Innovation Hub 2015, Codeweek 2015, Hour of Code 2014. И работеше на проекти како што се: 60 години патронатот на СУГС Гимназија „Орце Николов“, Денови на патронот, Отворен ден, Trash Fashion 2016 и многу други.
Од септември 2015 година под ИТ Секторот стапува и Училишното младинско радио „Club100“. Кое веднаш по превземањето веше реновирано и беше купена нова опрема, а во текот на наредната година се надеваме дека радиото ќе почне да врши 24 часовен пренос на музика преку интернет.
Пред цели 2 години беше основан ИТ Секторот на СУГС Гимназија „Орце Николов“, како ентузијастички проект на двајца иновативни ученици. Тој сега има повеќе од 30 членови и нивниот број секоја година се зголемува.